Да, знаеме, немате идеја како се вика тоа цвеќе кое го сакате, ниту пак во која боја сакате да бидат светлата во салата. Дозволете ни да Ви помогнеме при изборот и да се погрижиме да го добиете она што го сакате во рамки на Вашиот буџет.
Сакате да уживате во Вашиот ден и да се забавувате со Вашите најблиски без да се грижите за ситници? Нашиот тим нуди услуги на комплетно планирање и организирање на Вашата свадба, како и целодневен протокол.
Цветните аранжмани можат да бидат од вештачко или природно цвеќе, со или без декоративни додатоци и можат да бидат во секоја големина и боја. Цвеќето може да биде аранжирано во вазни со големина и облик по Ваш избор.
Изработката на бидермаер зависи од Вашите желби и истиот се изработува по пример од фотографија или според бојата и видот на цвеќе кој ќе го одредите. Обликот и големината на бидермаерот повторно зависи од желбата на клиентот.
Неколку видови на декоративни ѕидови за сликање, венци, како и декоративни столбчиња за местото на одржување на приемот.
Декорацијата на салата вклучува декорација на главната маса (преден дел на масата, цветни аранжмани од природно или вештачко цвеќе, свеќници, дополнителни декоративни елементи итн), декорација на гостинските маси (навлака за столче, машна на столче, цветни аранжмани, свеќници, дополнителни декоративни елементи, ранер, салвета, сервиета, држач за приборот за јадење), патека за влез на младенците (столбчиња од секаков вид со декорација со природно или вештачко цвеќе, свеќи, огномети).
Декорација на влезот, собите, надворешниот дел (двор, тераса)
Осветлување на целата сала, дим машина и машина за меурчиња. Light show во текот на вечерта. Можност за осветлување на сала со капацитет до 500 гости.
Декорации
Настани
Свадби
Задоволни Клиенти
Желбите и идеите на нашите клиенти се наш приоритет и наш патоказ до свадба како од бајките.
Се надеваме дека ќе уживате во галеријата од нашите свадбени декорации како што и ние уживавме во нивната изработка.
Во Холандија, Борово дрво се сади пред домот на младенците како симбол на плодност и среќа.